Свет

Војната во Газа да заврши сега, бараат 25 држави

Недавањето основна хуманитарна помош на цивилното население од страна на израелската влада е неприфатливо

Дваесет и пет земји објавија заедничка изјава во која повикуваат на итен прекин на војната во Газа и го обвинуваат Израел дека не дозволува доволно помош, барајќи од него да го стори тоа за да се усогласи со меѓународното хуманитарно право.

„Ние, потписниците наведени подолу, се обединуваме со едноставна, итна порака: војната во Газа мора да заврши сега“, започнува соопштението. „Страдањето на цивилите во Газа достигна нови длабочини. Моделот на испорака на помош на израелската влада е опасен, поттикнува нестабилност и ги лишува жителите на Газа од човечко достоинство.“

„Негирањето на основната хуманитарна помош на цивилното население од страна на израелската влада е неприфатливо. Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право“, се вели понатаму во соопштението, пренесе Еј-Би-Си њуз.

Во текот на конфликтот, Израел тврдеше дека испраќа доволно помош во Газа, но меѓународните организации за помош постојано велат дека нема доволно помош, а Обединетите нации пријавија услови на неухранетост во Газа.

Соопштението е потпишано од министрите за надворешни работи на Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Данска, Естонија, Финска, Франција, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Португалија, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

Најнови вести од: Свет

Талибанците во Авганистан го легализираа семејното насилство: Донесен закон што дозволува мажот да ги тепа жената и децата!

Талибанците во Авганистан на 21 февруари го донесоа новиот Кривичен закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите „сопруги и деца“, под услов тоа да не резултира со „видливи фрактури или отворени рани“. Законот го класифицира семејното насилство како „дискреционо“ прашање, наместо да го третира како изричито кривично дело.

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

To top