Свет

За имунитет, Орбан може да добие функција во ОН!?

Според извори, САД ја разгледуваат можноста за назначување на Орбан на високо рангирана функција што би му обезбедила дипломатски имунитет

На поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан може да му биде понудена позиција во ОН, тврди истражувачкото издание VSquare.

Според извори, САД ја разгледуваат можноста за назначување на Орбан на високо рангирана функција што би му обезбедила дипломатски имунитет.

Според Конвенцијата на ОН за привилегии и имунитети од 1946 година, целосен дипломатски имунитет им се дава само на генералниот секретар, неговите заменици и помошници. Ова значи заштита од практично сите правни постапки, вклучително и кривично гонење.

Интересно е што имунитетот се однесува не само на самиот функционер, туку и на неговиот сопружник и малолетни деца. Раководителите на специјализираните агенции на ОН исто така уживаат целосен дипломатски имунитет.

Пониско рангираните функционери на ОН уживаат поограничен имунитет: заштита од гонење само за дејствија извршени во рамките на нивните службени овластувања, но не и за дејствија извршени пред да ги преземат своите должности во ОН или надвор од нивните службени должности.

Орбан ја загуби власта на априлските избори. Владата на Петер Маѓар започна истраги за корупција против администрацијата на Орбан и Фидес.

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top