Свет

Загрижен дека САД се фокусираа на Блискиот Исток

Украинскиот претседател изрази загриженост дека американско-израелската војна со Иран го одвлекла вниманието на Вашингтон од руската агресија против неговата земја.

 

 

Во интервју за Би-Би-Си, снимено оваа недела за време на посетата на Лондон, Зеленски рече дека има „многу лошо претчувство“ за случувањата на Блискиот Исток и нивните последици за Украина, објави Би-Би-Си.

„Имам многу лошо претчувство за влијанието на оваа војна врз ситуацијата во Украина.

За жал, Америка сега е повеќе фокусирана на Блискиот Исток отколку на Украина“, рече Зеленски.

Тој го наведе одложувањето на дипломатските напори како директна последица.

„Затоа нашите дипломатски, трилатерални состаноци постојано се одложуваат. Постои само една причина: војната во Иран“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Најнови вести

To top