Свет

Захарова: Ова не се безбедносни гаранции за Украина, тие се гаранции за опасност за европскиот континент

Русија денеска изјави дека безбедносните гаранции што ги бара Киев во рамките на решавањето на конфликтот во Украина претставуваат „опасност за европскиот континент“.

Русија денеска изјави дека безбедносните гаранции што ги бара Киев во рамките на решавањето на конфликтот во Украина претставуваат „опасност за европскиот континент“. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, нагласи дека Москва ги смета овие гаранции, побарани од украинскиот претседател Володимир Зеленски, за „апсолутно неприфатливи“.

„Ова не се безбедносни гаранции за Украина, тие се гаранции за опасност за европскиот континент,“ изјави Захарова пред новинарите на економска конференција во Владивосток, на рускиот Далечен Исток.

Таа додаде дека Русија одбива да разговара за каква било форма на „странска интервенција“ во Украина.

„Русија нема намера да разговара за странска интервенција во Украина, што би било фундаментално неприфатливо и би ја поткопало каква било форма на безбедност, во кој било формат,“ изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Денес се одржува состанок на Коалицијата на подготвените, која обединува околу 30 земји, главно европски, подготвени да ја поддржат украинската армија, вклучително и со можно распоредување војници во Украина по постигнување прекин на огнот.

Францускиот претседател Емануел Макрон, Зеленски и други европски лидери утре ќе имаат телефонски разговор со Доналд Трамп по самитот на Коалицијата на подготвените, посветен на безбедносните гаранции за Украина.

Според неодамнешното соопштение од украинското претседателство, разговорите, со кои копретседаваат Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, ќе се фокусираат на безбедносните гаранции за Украина

Најнови вести од: Свет

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

Хатами: Во случај на копнена инвазија, ниеден американски војник не смее да преживее

Од момент во момент да се следат движењата и дејствата на непријателот со најголема прецизност и да се спроведат планови за спротивставување на непријателските методи на напад, нареди началникот на иранските вооружени сили

To top