Свет

Зеленски очекува достоинствен крај на војната

Украинскиот претседател предвидува дека мировниот план ќе биде усвоен наскоро

 

Благодарение на активната дипломатија, сосема е реално да се финализираат чекорите потребни за да се утврди како достоинствено да се заврши војната во наредните денови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање, јави Укринформ.

Денеска, украинската делегација ќе биде во Флорида, каде што дијалогот ќе продолжи врз основа на точките дискутирани во Женева.

Американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот претставник Стив Виткоф ќе се сретнат со украинската делегација. На состанокот ќе учествува и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

„Дипломатијата останува активна. Американската страна демонстрира конструктивен пристап и во наредните денови е можно да се разјаснат чекорите за да се утврди како достоинствено да се заврши војната“, рече Зеленски.

„Украинската делегација ги има потребните насоки и очекувам момците да работат во согласност со јасните украински приоритети“, истакна тој.

Како што беше претходно објавено, Зеленски го промени составот на делегацијата за преговори со САД и други меѓународни партнери, како и со претставници на Русија за мир. Сега делегацијата ја предводи секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров.

Зеленски, исто така, даде нови директиви за украинската делегација што учествува во процесот на преговори со САД и други меѓународни партнери, како и со претставници на Русија, за постигнување праведен и траен мир.

 

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top