Свет

Зеленски посакува тристрана средба со Трамп и Путин

Во објава на социјалните мрежи, Зеленски ги истакна главните приоритети на таквата средба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше извештаите за можна средба меѓу претседателите на САД и Русија, по што би следеле можни трилатерални разговори на највисоко ниво.

Имено, вчера, два извори изјавија за „Њујорк тајмс“ дека Трамп има намера да се сретне лично со Путин следната недела, а потоа да организира трипартитен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во својата објава на социјалните мрежи, Зеленски ги истакна главните приоритети што ги поставува Украина во контекст на таква иницијатива.

„Важно е да се разговара за клучните детали. Приоритетите се целосно јасни“, рече украинскиот шеф на државата.

„Прво, крај на убиствата, а Русија е таа што мора да го направи овој чекор и да прекине огнот.

Второ, создавање соодветен формат за средба на лидери што би помогнало да се постигне вистински одржлив мир“.

Tрет приоритет, за Зеленски е обезбедување долгорочна безбедност за Украина, што, според него, може да се постигне само во соработка со САД и Европа.

Порано стана јасно дека претседателот на Украина имал телефонски разговор со Доналд Трамп.

Очекувањата за можна трилатерална средба меѓу Трамп, Путин и Зеленски означуваат потенцијална нова фаза во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top