Свет

Зохран Мамдани положи заклетва како градоначалник на Њујорк (ВИДЕО)

Законот на Њујорк предвидува дека четиригодишниот мандат за градоначалник започнува на 1 јануари по изборите

 

Зохран Мамдани положи заклетва како градоначалник на Њујорк во раните утрински часови на новата година , објави Ројтерс.

Заклетвата, во која тој вети дека ќе го почитува Уставот на Соединетите Американски Држави и законите на Њујорк, ја спроведе главната обвинителка на државата Њујорк, Летиција Џејмс.

„Среќна Нова Година на жителите на Њујорк, “, рече Мамдани. „Ова е навистина чест и привилегија на целиот живот.“

Плановите на социјалистичкиот демократ за неговиот прв ден на функцијата денес се во согласност со неговите политики и приоритети, без многу да отстапува од неговите претходници, со формално положување заклетва на полноќ, по што ќе следи поформална церемонија попладне.

Законот на Њујорк предвидува дека четиригодишниот мандат за градоначалник започнува на 1 јануари по изборите.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top