Тема: актуелно

Веќе се продадени 912 пакувања со отров: АХВ ги предупредува родителите веднаш да го вратат бебешкиот производ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола кај увозник на бебешка формула откако доби официјално предупредување од Европската Унија за небезбеден производ кој веќе бил пласиран на македонскиот пазар. Станува збор за APTAMIL AR 2 – 912 пакувања веќе биле продадени, родителите повикани на итна претпазливост.

Ѓорѓиевски: Скопското Кале, еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје, ќе стане негова културна сцена

-Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град. Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје. Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија. Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина, посочи Ѓорѓиевски.

Поларен вител ги погоди САД: Најмалку 30 загинати и над половина милион домаќинства без струја

Најмалку 30 лица го загубија животот во голема зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави, од кои седум лица загинаа во авионска несреќа во неделата навечер. Истовремено, милиони Американци се соочуваат со последиците од арктички студови, поради кои утринава над 530.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Антимакедонскиот европратеник Џамбаски не ја „бендисува“ изјавата на Вучиќ дека се бори и Македонија да влезе во ЕУ!

Контроверзниот бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, познат по провокативните антимакедонски изјави и по својот профашистички поздрав во Европскиот парламент, пак се јави на фејсбук. Го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори Македонија заедно со Босна и Херцеговина да влезат во Европската Унија.

Мицкоски побарал телефонски разговор со Лаен за проблемот на превозниците: Очекувам да се реши, со ЕК за ова се разговара од септември

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

„Мајка на сите договори“: Индија и ЕУ финализираа историска слободна трговска спогодба

Индија и Европската Унија денеска направија историски чекор кон продлабочување на економските врски, откако успешно ги финализираа преговорите за слободна трговска спогодба (FTA) по речиси две децении преговори.

Смртоносниот вирус „Нипах“му се заканува на светот,за кој нема лек, ниту вакцина! Во Индија пет заразени, а 100 во карантин!

Индиските здравствени власти се во вонреден режим во обид да ја сопрат новата епидемија на вирусот „Нипах“– опасна зооноза што се пренесува од лилјаци на луѓе и има стапка на смртност меѓу 40 и 75 проценти. Според најновите информации, потврдени се пет случаи на инфекција во областа околу Калкута, додека речиси 100 лица се ставени под здравствен надзор поради можен контакт со заразени, објавуваат локалните медиуми.

Уште 20 земји се пријавиле да се приклучат кон „Одборот за мир“ на Трамп!

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денеска објави дека уште 20 земји „поднеле барање да се приклучат кон Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп“. Ливит не ги именуваше земјите што аплицирале, објавија американските медиуми.

To top