Тема: актуелно

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024, кога се родиле 16061 бебиња, од кои 8277 машки и 7784 женски

Топ 10 имиња за момчиња: покрај Лука, најпопуларни машки имиња се и Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео. Топ 10 имиња за девојчиња: кај нив по Хана се Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.

И од ОН критика дека Бугарија измислува малцинства во Албанија

Посебен акцент во своето излагање специјалниот известувач ставил на мешањето на соседни држави во малцинските прашања, при што директно се осврнал,на случајот со Бугарија и обидите за инструментализација на малцинствата во Албанија, истакнувајќи дека во „такви ситуации малцинските прашања ја надминуваат рамката на човековите права и стануваат прашање на меѓународен мир и безбедност“

Мите Стефовски од ВМРО ДПМНЕ нов претседател на Советот на Струга – ВМРО ДПМНЕ: Наместо етноцентризам, стручност и професионалност!

„Ако продолжат деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на Рамиз Мерко да ја држат Струга во целосна парализа, бојкотирајќи го обидот да се избере претседател на Советот, тогаш во март 2026 година ќе се одржат нови предвремени избори за нов советнички состав!“– предупреди на 23 декември 2025 година градоначалникот на Струга Менди Ќира, изнесувајќи ги своите сомнежи дека претставниците на споменатите политички структури имаат формирано тајна коалиција со цел да ги парализираат општинските институции и развојот на општината Струга. Но, со изборот на Мите Стефовски е надмината можната ситуација да мора да се одржуваат нови предвремени избори за општинскиот Совет на Струга.

Новата 2026 најпрво ќе пристигне на пацифичката островска држава Кирибати

Новата година први ќе ја пречекаат жителите на Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2026-та последни ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд 1 јануари во 13 часот по македонско време

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

To top