Тема: актуелно

Мицкоски: шест милијарди евра инвестиции од Велика Британија

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски од Тирана за ДВ потврди дека е усогласен стратешки договор со Обединетото кралство од кој Македонија треба да добие инвестиции во вредност од 6 милијарди евра. „Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство којшто ќе овозможи инвестициски циклус од 6 милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, […]

Велика Британија станува стратешки партнер на Македонија, објавија премиерите Стармер и Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски и британскиот премиер Кир Стармер објавија дека денеска во Тирана потпишале Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Мицкоски и Стармер на билатерална средба постигнале согласност за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, информираат од Владата. Македонија уште од 2008 година има потпишано Декларација за […]

За колку милиони евра паднала трговијата со земјоделски производи споредено со лани?!

Вкупната вредност на откупот и продажбата на земјоделски производи во Македонија во првото тримесечје од 2025 година изнесува 5,7 милијарди денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ова претставува драматичен пад во споредба со истиот период лани, кога биле остварени 9,9 милијарди денари — или речиси 4,2 милијарди денари повеќе. Најзначајниот пад е забележан во […]

Ќе се изградат ли конечно историските хидроцентрали Чебрен и Галиште?!

По децении на неуспешни обиди и стратегии, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, призна дека изградбата на хидроцентралата Чебрен е предизвик кој државата не може да го совлада самостојно. Големиот енергетски проект, изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште можеби ќе биде државен, а не приватен проект. Ова можност ја остави отворена министерката […]

Заврши средбата на руската и украинската делегација во Истанбул

Во Истанбул штотуку заврши состанокот помеѓу делегациите на Русија, Турција и Украина, пренесува Спутник. Пред тоа, беа водени преговори меѓу САД, Турција и Украина. Ова се првите руско-украински преговори по 2022 година. Вашингтон изјави дека се надева дека Москва ќе прифати сеопфатен прекин на огнот.

Многу сме блиску до стратешко партнерство со Британија

Премиерот  Христијан Мицкоски, на денешниот Самит во Тирана ќе се сретне со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, на која се очекува финализирање на договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Според извори од Владата, станува збор за документ кој е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Договорот, […]

Меџити: И без АА на Таравари имаме доволно пратеници

Владата има стабилно мнозинство таск што и брз пратениците мод АА нн Таравари имаме 13-14 пратеници, изјави претпладнево првиот вицепремиер Изет Меџити и соопшти дека се преговара со пратеници од Европскиот фронт „кои се опозиција и можеби ќе преминат од другата страна“. Соопшти дека деновиве се „во преговори за повеќе политички опции“ за ресорот здравство […]

Граѓаните ќе осирмашат: Радев на Уствен ќе го брани не-воведувањо на еврото во Бугарија

Претседателот Румен Радев ја испраќа до Уставниот суд одлуката на претседателката на Народното собрание, Наталија Киселова, за враќање на неговиот предлог за референдум. „Манипулациите дека референдумот што го предложив е против еврото се навреда за интелектот на Бугарите“, коментираше Радев, додавајќи дека неговите цели отсекогаш биле граѓаните да можат да го изразат своето мислење за […]

ВРЕДИ за Таравари: Секој што се ценкал со Ахмети останал без доверба

Во денешното соопштение од Коалиијата ВРЕДИ, го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поделба на Албанците во Македонија. „20 години, Али Ахмети ја трансформираше државата во приватен пазар за богатење на своето семејство. Додека неговиот син, внуците и зет градат фотоволтаични централи во вредност од 35 милиони евра, купуваат трговски центри во вредност од […]

СПМ: Несериозни одговорите на Кошта дека ќе нема нови бугарски барања

Социјалистичката партија на Македонија ги цени како прилично лесно изречени и несериозни одговорите на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот. Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ […]

Трамп сака да се сретне со Путин

Претседателот на САД, даде изјава во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина кои моментално се одржуваат во Турција.. „Време е едноставно да го завршиме тоа. Ќе го завршиме“, рече Трамп. Тој додаде дека сака да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро – штом можат да го договорат тоа. […]

Трамп на Макрон: Да не бевме НИЕ ќе зборувавте германски

„И тие помогнаа, но без нас немаше да победат во војната. Сите ќе зборувавме германски. Го знаете тоа, нели? Без нас тие ќе зборуваа германски, можеби малку и јапонски. Ние победивме во војната. И ние сме единствените што не славеа“. Ова му го пораќа американскиот пттседатл Доналд Трам, на францускиот колега ; Емануел Макрон по […]

To top