Тема: актуелно

Стапија на сила глобалните царини на Доналд Трамп

Новите глобални царини на Доналд Трамп од 10% стапија во сила денеска, но со помала стапка од најавеното. Откако Врховниот суд во петокот блокираше повеќето од неговите царини, Трамп објави дека ќе воведе нова глобална царина од 10%, за потоа да ја зголеми на 15%. Сепак, според официјалните документи, царините се утврдени по пониска стапка, без издадена наредба за нејзино зголемување.

Предлог-законот за минималната плата не ја помина матичната собраниска комисија

Законските измени за раст на минималната плата на 600 евра, кој ги предложи СДСМ не поминаа на матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, ниту на законодавно – правната. Не помина ниту предлогот за трипартитен дијалог, односно јавна расправа пред пратениците во Собранието меѓу работодавачите, синдикатите и Владата.

Дали се местеле натпревари на домашни клубови во Македонија, што ќе покаже истрагата? ФФМ се огласи за дописите од УЕФА!

„Напомнуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.“ – велат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Поранешната економска директорка на Токсикологија Бесија Илјази ќе враќа околу 10.000 евра за хонорари што незаконски ги давала

Илјази во мај 2024 година склучувала договори за дело со лица за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи.

(Видео): Значително зголемен интерес за СЕПА-плаќањата од страна на компаниите и граѓаните

Граѓаните умерено предничат во однос на компаниите во користењето на услугите преку СЕПА, при што над 60% од нивните плаќања во евра се извршуваат преку СЕПА. Кај бизнис-секторот, најмногу ги користат извозно-увозните компании коишто имаат редовни трансакции со партнери во Европската Унија. Речиси половината од плаќањата во евра на домашните компании кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку СЕПА.

Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е невиден преседан, недозволив за сериозна држава, Советот на обвинители и Судскиот совет да го разгледаат тоа!

Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо, изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Петрушевски: ВМРО ДПМНЕ го оправдува револтот на граѓаните за куќниот притвор за криминалецот Груби! Дали тој ќе ги повлече со себе и ортаците Заев Филипче, Спасовски и други?!

„ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и го оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби! Ги поздравувавме и владините институции, кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари од над 8 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Илјада компании вклучени во двојното образование Македонија веќе брои 65 стручни училишта и 875 двојни паралелки

Зголемен е бројот на ученици кои се запишуваат во стручните школи – за шест години е евидентиран раст од 12,2 отсто. Но, користа од двојното образование се повеќе го препознава и бизнис заедницата – околу 1.000 компании веќе се вклучени во овој процес. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, во учебната 2025/2026 година, Македонија има 65 стручни училишта и 875 двојни паралелки.

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие синот (21) и ќерката (16)!

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Прилепчанец имал завршено четврто одделение, фалсификувал диплома за осмо, за да може да полага за возачка дозвола!

Не се решил да фалсификува како и некои други диплома за магистер, или за доктор на науки, па да си најде некаде доброплатена работа, туку „скромниот“ прилепчанец си „исштанцал“ диплома „само“ дека „станал осмоодделенец“!

Алиу: Одземени лиценците на 6 компании, кои одгледуваат марихуана за медицински цели, меѓу нив и на Алфафам, вмешана во шверцот во Србија!

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли – несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер, посочи Алиу.

Филков повика на одговорност и итни седници на Советот за јавни обвинители и на Судскиот совет за куќниот притвор за Груби!

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.

To top