Тема: актуелно

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики

Стапката на адекватност на капиталот во регионот сега изнесува 20,7%, наспроти ниво од под 19% пред пандемијата, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на 2,5%, во однос на околу 6% пред кризата

Како да се открие рак во рана фаза?!

Меланом е сериозна форма на рак на кожа која започнува во клетките што го произведуваат пигментот меланин. Иако не е најчест вид рак на кожа, тој е најопасен затоа што може брзо да се прошири во други органи ако не се открие навреме. Меланомот најчесто се појавува како нова бемка или како промена на постоечка. Затоа, секоја промена на кожата што изгледа необично треба да се следи внимателно.

Дете за малку избегна трагедија во Драчево: додека тренирало почувствувало удар во грбот, а потоа до него било пронајден куршум од огнено оружје!

Драма се случила за време на тренинг во двор на основно училиште во скопско Драчево, откако малолетник почувствувал удар во грбот, а веднаш потоа до него било пронајдено зрно од огнено оружје.

Државно-црковната делегација предводена од Африм Гаши ќе му оддаде почит на св. Кирил

Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гна Собранието ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик

Камбовски: Правосудниот испит може да се полага на албански, но треба совршено познавање на македонскиот јазик

Во авиосообраќајот може да комуницирате само на англиски јазик, нема субјективно право, во медицината дијагнозите мора да се постават низ одредени формули и употреба на латински јазик, да нема грешка, за да се избегне различното толкување на термините

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

Во Копаница, Скопско, пронајдена мртва жена (37) со прострелна рана во главата! Сопругот е приведен и одреден му е притвор!

Жена на 37-годишна возраст е пронајдена почината во скопското село Копаница со прострелна рана во главата, соопштија надлежните по извршениот увид на местото на настанот. Во близина на телото во скопското село Копаница, бил пронајден пиштол „Глок 19“, кој, според првичните информации, бил сопственост на нејзиниот сопруг.

Петрова-Чамова: Бугарија нема да дозволи повторно преговарање за европската преговарачка рамка за Македонија

Министерството за надворешни работи, преку мрежата на бугарски мисии во странство во земјите-членки на ЕУ и во Скопје, вложува активни напори за да спречи какво било повлекување, заобиколување или доведување во прашање на преземените обврски

To top