Тема: актуелно

„Македонскиот етимолошки речник“ на Гоце Цветановски – непобитен доказ за посебноста на македонскиот јазик и придонес кон јакнењето на националната македонска самосвест!

„Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст. Речникот придонесува да се зајакне научната и културната самосвест и претставува достоен претставувач за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Со тоа Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност.

Николоски: Од јуни Прилеп и Битола ќе бидат поврзани со воз, повратниот билет ќе чини 150 денари

Меѓуградски воз Прилеп-Битола ќе почне да функционира од јуни, а повратен билет ќе чини 150 денари. Новата врска меѓу овие два соседни града ја најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој денес добил ветување од градежниците дека првите километри од автопатот меѓу Прилеп и Битола ќе се возат веќе следната пролет, а делницата, според договорот, ќе биде целосно завршена до крајот на 2029 година.

Героски: Време е државниот обвинител да му каже на Филипче да се скурдепса со својата недозволива највалкана пропаганда и напади врз ТВ Алфа!

„Обвинителот нека го послужи со кафе, нека го праша кои се намерите на Венковиот глас што допира до органите на прогонот, нека му објасни на лидерот кои одредби од нашето кривично законодавство не дозволуваат вакво поведение и ваков третман на седмата сила и нека го предупреди на последиците во иднина. Им упатувам јавна поддршка на медиумските работници од Телевизија Алфа, а посебно на младиот колега Матеја Петровски, кој мораше да ги прими и да ги пренесе непристојните и заканувачки зборови на Венко Филипче, искажани на последната прес-конференција на СДСМ.“  – реагира жестоко Бранко Героски, уредникот во Плусинфо, во својата колумна со наслов „Време е државниот јавен обвинител на Венко Филипче да му каже да се скурдепса“.

Мицкоски: Доста со експерименти во образованието, да почнеме со системски решенија, кои ќе определат иднината на државата!

„Како генерација мора да сме свесни дека ќе ги изгубиме младите, ако продолжиме на овој начин да функционираме! Да не се чудиме потоа зошто илјадници наши млади студираат на универзитетите во регионот. Мора да понудиме квалитет, ако сакаме да имаме генерации коишто утре ќе ја водат оваа држава!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски. 

Ќе продолжи кризната состојба за нафтата и нафтените деривати

По конфликтот на Блискиот Исток, Владата на седница на 23. минатиот месец донесе одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата и ослободување количини мазут од државните резерви, како и одлука во времетраење од 30 дена за прогласување кризна состојба на целата територија на државата

To top