Хроника

Финансиска полиција: Тројца осомничени за измама за околу 300 илјади евра, кои ги „переле“ преку пилешки копани!

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против пет физички лица и две правни лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Перење пари и други приноси од казниво дело“, „Измама“ „Фалсификување или уништување деловни книги“ и „Даночно затајување“.

Првопријавениот Д.К., во својство на сопственик на правен субјект од Скопје, во текот на 2022 година, со намера да прибави противправна имотна корист за себе и за правното лице, довел и одржувал во заблуда правен субјект од Република Словенија, со кој во име на правното лице склучил Договор за купопродажба на железнички пруги во вкупна вредност од 21.667.680 денари. По добиените авансни уплати од 283.310 евра, односно 17.423.564 денари, не ја испорачал договорената стока, ниту ги вратил средствата, со што на оштетениот му била причинета штета во наведениот износ.

-Со намера да го прикрие изворот и локацијата на паричните средства кои потекнуваат од кривичното дело, пријавениот Д.К., заедно со пријавениот Ф.Н., во својство на управител и овластен потписник на сметката на пријавеното правно лице, потпишале налог со кој трансферирале 16.762.410 денари од сметката на правното лице во корист на правно лице од Штип, за плаќање на фиктивна фактура за наводна набавка на пилешки нозе/батаци. Потоа, преку фиктивен договор за цесија, средствата биле префрлени на сметката на Х.Р., информират од Финансиката полиција.

Пријавената Ф.М., пак, како овластен сметководител, не ја евидентирала Х.Р. како нов доверител и дополнително извршила сметководствено прикривање на трансакциите, така што средствата ги евидентирала како негативни книжења на картичката на купувачот. На овој начин, со цел да се прикријат трагата и потеклото на средствата прибавени со кривично дело, пријавените ги прикриле наведените трансакции и не ги прикажале во Даночниот биланс за 2022 година.

– Д.М., како овластен потписник на сметката на пријавеното правно лице од Штип, непосредно по уплатата по фиктивната фактура, реализирала електронски налог со кој средствата ги префрлила на сметката на Х.Р., со намера да се прикрие нивното потекло и локација, од каде пријавениот Д.К., како овластено лице на сметката на Х.Р., средствата прибавени со кривично дело ги конвертирал во девизи, а потоа дел од нив ги подигнал во готово, а дел ги искористил за купување возило, појаснуваат од Управата за финансика полиција.

Дополнително, Ф.Н., како управител на пријавеното правно лице од Скопје, во текот на 2022 година не го уплатил персоналниот данок на доход во износ од 1.885.370 денари за исплатените средства кон Х.Р., согласно договорот за цесија, а пријавената Х.Р. не го пријавила остварениот приход во Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2022 година.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски за истрагата за фалсификуваните возачки дозволи: Судството да спречи вакви кривични дела, да не одлучува како во минатото!

Вкупно 27 лица опфати истрагата за фалсификувани возачки дозволи, против кои е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во интервју за МТВ нагласи дека сега на потег се Обвинителството и Судот, кои, како што рече се надева дека ќе донесе законита и праведна одлука, која превентивно ќе дејствува во иднина.

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за несовесно работење и две службенички од Општина Карпош за злоупотреби

Постапувајќи според наредба од Основното јавно обвинителство од Скопје, Секторот за економски криминал на скопската полиција поднесе кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Симона Серафимовска-Ѓуреска за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против против Стевчо Јакимовски за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

To top