Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

Во пресрет на 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, покровителка на фестивалот, се сретна со директорот Димитрија Доксевски, актер, сценарист и продуцент и со Марија Димитрова, продуцентка и претседателка на Друштвото на филмски работници.

Доксевски и Димитрова ја информираа за импресивната програмска содржина, што брои над 80 филмови и повеќе од 20 едукативни содржини врзани за филмската камера и уникатниот визуелен јазик.

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност. За одбележување е повторното доаѓање на полско-американскиот кинематографер и двократен оскаровец Јануш Камински, кој во 2020 година ја прими „Златна камера 300“.

Според претседателката, долговечноста и високите уметнички стандарди и критериуми, го легитимираат „Браќа Манаки“ како фестивал од меѓународен формат. Битола, смета таа, кога почетокот и крајот им припаѓаат на македонски филмови, станува светска кинематографска метропола на културен дијалог и натпревар, во којшто рамноправно учествуваме, докажувајќи дека малото може да биде убаво и уметнички големо, се вели во соопштението на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Јотова „не“ била информирана за доаѓањето на Ива Михаилова во Бугарија, изрази подготвеност да се сретне со неа

На прашањето дали знае како Михаилова ја напуштила Македонија и каква реакција очекува од властите во Скопје, Јотова одговори дека сè уште има прашања што треба да се разјаснат

To top