Тема: али ахмети

ТВ Алфа: ДУИ е како расипана плоча – национализмот и повторното разгорување меѓуетнички тензии им е последното прибежиште!

„ДУИ е како расипана плоча, на која е снимен само национализам и обид за разгорување на меѓуетнички тензии. Повторно исти закани, сега поради одлуката на Уставниот суд, дека законските измени за Сејф сити биле уставни. Првиот уставен судија Дарко Костадиновски во своето образложение кажа дека СМС- пораките од системот Безбеден град, треба да испраќаат само на македонски јазик, додека можат и на англиски за странци кои ќе сторат прекршок, но не и на албански.“ – објави ТВ Алфа.

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

Стојановска: Ахмети прифати помалку министерства од Вреди и да нема Албанец-претседател на Собрание, само да влезе во Владата!

„Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за средбата во мојата канцеларија, каде што нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Вреди, само да биде дел од истата оваа влада!“ – објави на својот профил на фејсбук Дафина Стојановска, пратеничката од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

To top