Тема: блокада

(Фото): Протестен бунт во Грција: Трактори стигнаа и до Крит, најавена блокада и на пристаништето во Волос

Земјоделскиот бунт започна на 30 ноември како реакција на високите трошоци за производство, ниските откупни цени и скандалот со европските субвенции. Главното барање е исплата на заостанатите субвенции и намалување на производствените трошоци. Засега нема процена до кога протестите ќе продолжат.

Блокирана границата со Грција

Земјоделците од северна Грција денес повторно го блокираа граничниот премин Евзони, оставајќи ги патниците и товарните возила во целосен сообраќаен застој кон и од нашата земја. Преминот беше затворен нешто по пладне, а засега нема информација кога блокадата ќе биде тргната.

Трамп потпиша, заврши блокадата на владата на САД (ВИДЕО)

„Значи, со мојот потпис, федералната влада ќе продолжи со нормална работа, а мојата администрација и нашите партнери во Конгресот ќе продолжат со нашата работа за намалување на трошоците за живот, враќање на јавната безбедност, раст на нашата економија и повторно отворање на Америка. Ова е голем ден“, изјави претседателот

Вработените од „Паркови и зеленило“ пак најавуваат блокада на крстосница на „Илинденска“

Тие веќе 14 дена немаат плата за септември, а не им се исплаќа и јубилејна награда, регрес за годишен одмор, отпремнина пред одење во пензија и новогодишен додаток. Најавуваат дека протестот ќе трае секој ден, од 9 до 11 часот, на крстосницата на „Илинденска“ и улицата „Никола Тесла“

Ковачев: Не го блокираме членството на РМ во ЕУ, туку…

Не го блокираме членството на РСМ во ЕУ, изјави за БНТ европратеникот Андреј Ковачев. „РСМ не ги исполнува своите обврски, истакна тој. Според него, владата на нашиот југозападен сосед троши многу време и пари на лобирање. РСМ бара начин да избега од консензусот од 2022 година“, нагласи Ковачев како што пренесува Њуз.БГ.

To top