Македонија

Андоновски: Владата започнува со изградба на Национален дата центар

Ова е клучна инфраструктура за дигиталната иднина на Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар.

„Донесовме одлука заради визијата и решеноста на Премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија – изградба на Национален дата центар“, истакна Андоновски во интервју за емисијата „На прва“.

Тој појасни дека дата центарот не претставува само објект во кој се сместени сервери, туку клучна државна инфраструктура врз која ќе се темели дигиталниот развој на земјата.

„Ако патиштата ги поврзуваат градовите, дата центарот ги поврзува институциите. Наместо секоја институција да има свои серверски простории со различно ниво на безбедност, државата ќе има едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место од каде ќе се обезбедуваат дигиталните услуги во наредните 20 до 30 години“, нагласи министерот.

Андоновски информираше дека веќе е изработена физибилити студија која потврдува дека проектот е технички и финансиски изводлив. Според визијата на Министерството, Македонија треба да добие современ Tier III Национален дата центар, кој ќе биде основа за воспоставување на владин облак, заштита на државните податоци, развој на системи базирани на вештачка интелигенција и испорака на нова генерација дигитални јавни услуги.

Во оваа фаза, Министерството паралелно работи на обезбедување на соодветна локација, дефинирање на финансискиот модел и воспоставување на партнерствата потребни за реализација на проектот.

Министерот порача дека како што патиштата, железницата и електроенергетската мрежа беа темелот на економскиот развој во минатиот век, така дата центрите претставуваат стратешката инфраструктура на 21 век.

„Без дата центри нема дигитална држава, нема вештачка интелигенција, нема сајбер безбедност и нема сигурни електронски услуги. Со овој проект ја поставуваме основата врз која ќе се гради дигиталната Македонија во следните децении“, заклучи Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски во Киев: Границите не можат да се менуваат со сила, Македонија стои со Украина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска на покана на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха престојуваше во еднодневна посета на Украина.

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

Најнови вести

To top