Тема: Доналд Трамп

Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите од 2,2 милијарди долари наменети за Харвард

Федерален судија во САД вчера донесе одлука дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите во износ од околу 2,2 милијарди долари наменети за Универзитетот Харвард и дека повеќе не смее да го прекинува финансирањето на истражувањата на престижната институција од Бршленовата лига.

Трамп: Наскоро ќе се случи нешто во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наскоро „ќе се случи нешто“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа.

Трамп го обвини Џинпинг дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини кинескиот лидер Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп ќе го одликува Руди Џулијани со „медал на слободата“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека ќе му го додели Претседателскиот медал на слободата, највисокото цивилно признание во САД, на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

Путин и Си Џинпинг разговараа за руско-американски преговори

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг за последните контакти меѓу Русија и САД, изјави денеска Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, што се одржува во кинескиот град Тјенџин.

Камала Харис остана без заштита од Тајната служба

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба за укинување на заштитата од Тајната служба за поранешната потпретседателка и кандидатка за претседател од Демократската партија, Камала Харис, објавија американските медиуми.

ЕУ планира намалување на царините за американските автомобили за да ги спаси сопствените

Европската комисија во четврток предложи нов закон за укинување на царините за американските индустриски производи, со цел да се намалат царинските оптоварувања што Вашингтон ги наметна на европските автомобили.

To top