Тема: Еурофарм Пелистер

„Страшна“ група за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите

Актуелниот првак Магдебург, најуспешниот учесник Барселона, клубот со најголем буџет Пари Сен Жермен, како и ПИК Сегед, ГОГ Гудме, Висла и Загреб се противниците на Еурофарм Пелистер во нивното трето учество во низа во ракометната Лига на шампионите. Како и во минатата сезона, македонскиот шампион во групата Б ќе стартува против ПСЖ, но овојпат во […]

Хаџиќ од Еурофарм Пелистер прв стрелец во младинската Лига на шампионите

Еурофарм Пелистер заврши четврти во првото издание на младинската ракометна Лига на шампионите, но го има најдобриот стрелец Алем Хаџиќ, кој на четири натпревари, по два во квалификациите и на завршниот турнир во Келн, постигна вкупно 40 гола. Средниот бек од Босна и Херцеговина, кој денеска наполни 18 години, го остави веднаш зад себе Анселмо […]

Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата со триумф над Вардар во Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 32:30 во Скопје и 70-годишниот јубилеј од основањето на клубот го зачинија со деветтата шампионска титула, трета во низа во македонската Суперлига. „Црвено-црните“, на кои пред директниот дуел од последното коло им одговараше и реми, долго имаа водство во исполнетата арена „Јане Сандански“, во првото полувреме и […]

To top