Тема: европска комисија

Вест од Брисел, важна за Македонија: ЕУ изготвува построги правила за прием, за да не стане ниедна нова членка „втора Унгарија“, што ќе ѝ биде „трн во окото“!

„Црна Гора, фаворитот за членство во ЕУ, би можела да се приклучи под построги услови. Кога станува збор за прием на нови членки во ЕУ, Европската комисија (ЕК) има еден главен приоритет: да се осигури дека ниедна нова кандидатка за членство нема да стане ‘следна Унгарија’. За да се постигне тоа, планот е Црна Гора, која е близу до завршување на преговорите за членство, да се искористи како ‘опитно глувче’. ‘Се изготвува генерален пристапен договор, што ги одредува идните поодделни пристапни договори за новите кандидатки за членство во ЕУ.“ – рече претставникот на ЕУ. Ова го објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во својата статија со наслов „Планот на ЕУ да ги спречи новите членки да станат ‘втора Унгарија“.

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Белгиската полиција изврши претрес во Европската комисија: Истрага за продажба на згради, вредни 900 милиони евра!

Белгиската полиција изврши претрес во неколку простории на Европската комисија во Брисел како дел од истрагата за можни неправилности при продажбата на недвижности во сопственост на ЕУ во 2024 година, објави „Фајненшл тајмс“.

„Политико“: Европскиот топ-дипломат Каја Калас ја нарекува претседателката на ЕК Урсула Лаен „диктатор“!

„Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, приватно ја нарекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ‘диктатор’, признавајќи дека ‘нема вистинска моќ да влијае врз неа’.“ – објави бриселскиот аналитички портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Петте најтешки работни места во Брисел“. Изворите на „Политико“ посочуваат на „тековните несогласувања и промени на моќта во највисоките ешалони на ЕУ“.

Ирска невладина организација ја „фати“ Европската комисија дека користи ChatGPT за официјални одговори

Ирската невладина организација Ирски совет за граѓански слободи (ICCL) поднесе жалба до Европскиот омбудсман, обвинувајќи ја Европската комисија дека користи генеративна вештачка интелигенција, како ChatGPT, за изработка на официјални одговори на барања за пристап до документи, што според нив претставува кршење на сопствените интерни упатства и обврските според европските договори.

Филков: Извештаите на ЕУ доаѓаат и си одат веќе 20 години, битно е реформите да почнат

Министерот за правда Игор Филков признава дека Европската комисија укажува на реални предизвици во судството, но нагласува дека тие бараат системски решенија, долгорочна стратегија и координација меѓу институциите, а не само административни мерки.

Урсула фон дер Лајен добива уште повеќе моќ

Оваа единица ќе вработува искусни службеници од целокупната разузнавачка заедница на Европската Унија. Таа ќе се фокусира на собирање и анализа на разузнавачки информации за заеднички стратешки цели, како што дознава весникот од четири извори добро запознаени со плановите.

To top