Тема: еврозона

Годишната инфлација во Еврозоната прелиминарно падна на два процента

Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, (од 3,5 проценти во ноември), а цените на енергијата се намалија со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво наспроти ноемврискиот пад од 0,5 проценти.

Повторно грчка криза? Телеграф за ризиците од Бугарија во Еврозоната

Лондонскиот весник „Телеграф“ објави анализа во која влезот на Бугарија во Еврозоната на 1 јануари 2026 година се оценува како ризичен чекор, во време на политички превирања, распространета корупција и раст на државниот долг, што би можело да стане причина за нова финансиска криза во Европа.

Меѓу надеж и страв – Бугарија преминува на евро на полноќ на 31 декември, можни се технички проблеми

Бугарија влегува во нова историска фаза со чекор што одамна е подготвуван на хартија. Од 1 јануари 2026 година, земјата официјално ќе го замени левот со еврото и ќе стане 21-ва членка на еврозоната, со што симболично и институционално ќе се врзе уште подлабоко за срцето на Европската Унија. Одлуката доаѓа по години технички подготовки, исполнување строги критериуми и долга политичка дебата, но и во момент на внатрешна нестабилност, недоверба и масовни протести.

Состојбата со инфлацијата е неизвесна – ЕЦБ ги потврди каматните стапки во Еврозоната

Европската централна банка донесе одлука да ја задржи основната каматна стапка на непроменето ниво на два проценти, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на Еврозоната по една година нестабилност.

Инфлацијата во Еврозоната во црвено – Дали ЕЦБ внимателно следи?!

Разликите меѓу земјите-членки на еврозоната остануваат значителни. Естонија ја бележи највисоката инфлација со 6,2%, следена од Хрватска со 4,6%, додека на другата страна Франција и Кипар имаат најниски стапки – 0,8% и -0,1% соодветно.

Радев за еврото: Потсмев со народот е дека цените нема да се зголемат

Според бугарскиот претседател, тврдењата дека нема да се дозволи цените се зголемат со воведувањето на еврото, со оглед на тоа што тие незапирливо скокат, не се само лудило, туку потсмев на народот. Румен Радев, во врска со приемот на Бугарија во еврозоната, вели дека не е најдобра одлука на владата да се потпира на поддршка […]

To top