Тема: индустрија

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, компаниите да помогнат во дигиталната трансформација на земјата

Владата одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите. Според претседателот на МАСИТ, ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3 000 компании со над 25 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2 500 евра.

За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Индустријата со раст од 2,8% – Кои сектори највисоко котираат?!

Раст на производството во октомври на годишно ниво има во: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%.

Како е можно дури три милијарди луѓе да се сиромашни, а богатите да стануваат уште побогати?!

Годишните трошоци за искоренување на сиромаштијата за 3,8 милијарди луѓе кои моментално живеат под линијата на сиромаштија на Светската банка од 8,30 долари дневно се 1,65 трилиони долари, проценува Оксфам.

Трговијата во индустријата пораснала за 13-14% во јули споредено со истиот месец лани, вели премиерот

Кога зборувам повеќе надвор, зборувам за повеќе од 15% и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна, зголемена трговија во индустријата. И тоа е добар показател, бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал, вели премиерот.

За помалку од една година клуч на врата за десетина конфекции, текстилната индустрија пред колапс

Многу е тешко македонската текстилна индустрија во ек на три последователни кризи да најде нови земји каде што ќе извезува и затоа се повеќе сопственици се одлучуваат да ги затворат фирмите и да го вложат капиталот во нешто друго, најчесто во недвижнини во странство.

На што се должи намалениот број на работници во македонската индустрија?!

Во индустријата најголем раст на бројот на вработени има во секторот „производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место“ од 11,2%, а најголемо опаѓање во кожарскиот сектор од 12,8%. Најголем одлив е забележан во кожарската и во автомобилската индустрија.

To top