Македонија

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, компаниите да помогнат во дигиталната трансформација на земјата

Владата одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите. Според претседателот на МАСИТ, ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3 000 компании со над 25 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2 500 евра.

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, одлични и квалитетни кадри кои излегуваат од универзитетите. Сега е шанса да ги искористиме во приватниот сектор, за потоа тие да и помогнат на државата во дигиталната трансформација, порача денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по почетокот на конференција MASIT 2.0 – „Recode Reality”.

Владата, како што изјави Андоновски, одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите. Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3 000 компании со над 25 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2 500 евра.

  • Продолжуваме со поддршка на приватниот сектор. Немаме агенција оперативно одговорна за дигитализација и затоа се потпревме на приватниот сектор во сите најкрупни проекти на државата, а потоа и во нивното одржување. Сега прашањето е како тоа да го надградиме, како да стигнеме до следното ниво – европски проекти во државата кои треба да бидат реализирани од македонски компании или македонски компании да бидат носители на тие проекти зашто тоа е начинот да донесеме и европски стандард и да ги поттикнеме домашните фирми да растат, но и администрацијата да ги следи. Вториот елемент на нашата домашна задача е државните институции да обезбедат доволно квалитетен кадар што ќе остане да ги води проектите во институциите. Мислам дека сме на добар пат и дека ќе имаме резултати, нагласи министерот.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој потврди дека платите во приватниот сектор се подобри, но државата, напомена, нуди стабилност и таа симбиоза, како што оцени, може да донесе резултати.

  • Има конкуренција во плати и државата никогаш нема да го стаса приватниот сектор исто како што приватниот сектор никогаш нема да ја стаса стабилноста на државата. Ние гледаме како нашите позиции во Министерството да бидат поатрактивни со конференции, обуки и патувања во странство, активности и креирање политики, додека приватниот сектор тоа повеќе го прави со мотивација преку плати. Таа симбиоза може да донесе резултати, рече Андоновски.

Димитровски е дециден дека македонскиот ИТ сектор е во добра кондиција и дека ги следи трендовите.

  • Очигледен е растот на на ИКТ секторот, а тоа го покажуваат и прелиминарните бројки за 2025 година. Македонските ИТ компании ги следат европските стандарди. Многу од нив кои се на ниво на европските, работат за странство, посебно за европските држави. Ги следиме трендовите во Европа, но и предизвиците. Сепак, ИТ секторот кај нас е во добра кондиција и секоја година бележи раст над 10 отсто, подвлече Димитровски.

Конференцијата „Recode Reality” што ја организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) има преку 300 гости од земјава и регионот, како и говорници од врвот на ИКТ-индустријата во Европа. Тие денеска во Скопје разговараат за модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, како за реалните можности што ги отвора вештачката интелигенција.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за изборниот закон

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик, за што кажа дека се уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десетиот чекор од зададениот грејс период.

Денес се одбележуваат великото дело и личноста на Свети Наум Охридски, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост (1)

Денес Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и сиот македонски народ, не само оние, кои се православни христијански верници, го одбележуваат црковно-народниот празник, посветен на личноста и великото дело на Свети Наум Охридски – Чудотворец, еден од основоположниците на македонската и сесловенската писменост и просвета, заедно со светите браќа Кирил и Методиј, како и со Св. Климент. Свети Наум Охридски останува запаметен како исцелител и просветител на македонскиот народ, но како и заштитник на манастирот „Св. Наум“ во Охрид. Охридската книжевна школа, како најстара средновековна македонска книжевна школа, е формирана во 886 година од Свети Климент Охридски. Во 893 година на Климент му се придружува Свети Наум Охридски, откако Климент е назначен како епископ. Во рамките на Охридската книжевна школа биле обучени повеќе од 3.500 ученици и таа одиграла клучна улога во описменувањето, како и во ширењето на македонската и словенската писменост и култура.

Најнови вести

To top