Бизнис

Ја изгуби ли конкурентската способност македонскиот текстил?!

Од текстилна индустрија сметаат дека е потребна помош од страна на државата за секторот кој е на стаклени нозе. Свесни се дека државата не може да помогне во делот на субвенционирањето на придонесите на работниците, но како барање до Владата и на Економскиот-социјалниот совет ќе биде презентирано повторно да се врати пазарот на девизи.

Македонската текстилна индустрија која едно време беше двигател на стопанството во земјава, ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток, алармираат од текстилниот сектор. Ангел Димитров од Организација на работодавачите и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе смета дека македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Тој истакна дека следи потешка година за овој сектор.

Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата земја останаа да ги работат само помалите и брзи налози, односно нарачки.

  • Не остана европски бренд што не замина во Виетнам, Бангладеш или Мјанмар. Сите поголеми налози се шијат таму, каде што платата е 150 долари и се многу поевтини од нас, иако продуктивноста на македонските работници е повисока за 30 отсто, но платите им се повисоки за 300 проценти – изјави Димитров.

Тој додаде дека е потребна помош од страна на државата за текстилнта индустрија. Свесни се дека државата не може да помогне во делот на субвенционирањето на придонесите на работниците, но како барање до Владата и на Економскиот-социјалниот совет ќе биде презентирано повторно да се врати пазарот на девизи.

  • Евентуално би помогнало некое мало решение кога би се пуштил пазарот на девизи во Македонија за ние сами да си ги продаваме девизите, а не банките да ни ги земаат по некој официјален курс, со што заработуваат од продажбата на девизите. Такво решение имаше пред десетина-петнаесет години, не знам зошто се укина – посочи Димитров.

Тој истакна дека и понатаму се бележи пад на бројот на вработени во текстилната и кожарската индустрија, каде што, според неговите процени, останаа да работат приближно 20.000 работници.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Најнови вести

To top