Тема: кандидати

Владата ги испраќа имињата на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Официјално не се соопштени имињата на кандидатите, но според потврда на самите кандидати, се работи за моментната вршителка на должноста државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчeвски.

Мицкоски не е задоволен од директорот Хаќим Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Брвеница, каде што изјави дека кампањата на Хаќим Рамадани е голема грешка и дека ќе има ефект и во Тетово, Дебар и Струга. Тој додаде дека вакви предупредувања добил и од меѓународните претставници. Мицкоски најави и негово разрешување од функцијата што моментално ја извршува.

(Видео): Формирање на градска градежна инспекција во Град Скопје, најави Ѓорѓиевски

Токму искуството стекнато како градоначалник на Општина Кисела Вода е доказ дека законитоста и редот во урбанизмот можат да се воспостават со систематски пристап и професионални служби.

Конкурентни избори со вистински избор меѓу различни политички алтернативи, оценуваат меѓународните набљудувачи

Меѓународната мисија беше составена од 275 набљудувачи од 40 земји, меѓу кои 253 експерти на ОБСЕ/ОДИХР, 15 членови од Конгресот на Советот на Европа и седум европратеници

Изборот на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

Комисијата задолжена за избор на кандидат од Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур ќе се состане во понеделник, 20 октомври, во просториите на Уставниот суд.

To top