Тема: локални избори

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните

„Нивниот дом, за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од митингот во Берово.

СДСМ не нуди ниту проекти, ниту визија – туку се фокусира на црна кампања уште од првиот ден, рече Мицкоски

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

Мицкоски: Ние не навредуваме, тие споделуваат гадости од „перјаницата“ дека ќе ме спакувале во куфер

Тие ја почнаа кампањата со црна кампања, со напади и ниски страсти како ќе ме спакувале распарчен во куфер и тоа би било штос во оваа кампања, така порача еден од нивните гуруа

Ахмети: Албанците повеќе не трпат понижувања, сите да гласаат за НАИ, оти има голема национална мисија, интеграција на „РСМ“ во ЕУ!

Али Ахмети сега го „збогатува“ политичкиот речник: за себе и за своите сопартијци вели дека се не само „мисионери“, туку веќе и „визионери“, кои, ете, се „веќе оспособени“ да гледаат „далеку во европската иднина“…

Партиите дебатираат како за парламентарни избори: за албанскиот јазик и национални прашања, наместо за локална власт и проблеми на граѓаните

„Политичките партии треба во предизборната кампања да се насочат на конкретните комунални проблеми и потреби на граѓаните, како што се водоснабдување, канализација, паркинзи, плоштади, тротоари и друго, ова се локални, а не парламентарни избори!“ – критикуваа политичките аналитичари во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.

To top