Тема: Македонија

Паѓа невработеноста во Македонија – Во кои градови има најмногу невработени?!

Статистиката покажува дека и понатаму најмногу граѓани кои бараат или чекаат работа преку Агенцијата се лицата кои се пријавуваат од 5 до 7 години, и во оваа група има дури 23002 лица кои се пријавуваат за невработени. Следна е групата на граѓани кои пак бараат работ над седум години, односно 8 и повеќе години, и тука има пријавено 12. 938 лица кои се невработени. 

(Видео): Дури 25% од возилата во Европа имаат вградени делови произведени во Македонија

Како членка на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, „Џонсон Мети“ е активно вклучена во иницијативи насочени кон подобрување на извозот, проширување на регионалната соработка и создавање образовен систем усогласен со потребите на бизнисот, како и во промовирањето на политика „нула“ толеранција на корупцијата, креирање мерит систем и јакнење на одговорноста.

Цените на недвижностите ќе стагнираат – Може ли реално едно просечно семејство да си купи стан?!

Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните. Сепак, експертите предупредуваат дека продолжениот раст на цените има пошироки економски и политички последици, од продлабочување на социјалните разлики, до зголемена миграција на младите. Без системски мерки, станбениот пазар ризикува да стане уште еден фактор што ќе ја продлабочува станбената несигурност и сиромаштија за граѓаните.

Поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија – почна тестирањето на системот е-фактура

Во Министерството за финансии отпочнати се активности за воведување нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретни даночни постапки, со кој ќе се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници, оневозможување субјективизам во одлучување на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуваат во судски постапки. Дополнително заедно со УЈП ќе се отпочне и со дизајнирање на внатрешен механизам за контрола на квалитет во рамки на самата управа.

To top