Тема: модернизација

(Фото): Пробиваме планини за безбеден автопат Охрид-Кичево, вели Николоски

Со засилено темпо продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение.

Собранието на Македонија со дигитален асистент за лицата со попреченост

Собранието на Република Македонија денес објави дека ја модернизирало својата официјална веб-страница со интегрирање на напредни технологии за пристапност, со цел да се овозможи полесен и еднаков пристап до парламентарните информации за лицата со попреченост.

(Фото): Од корен се уредува плоштадот „Македонија“, се менуваат плочки, се чистат фонтаните

На плоштадот ‘Македонија’ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на времето повторно ги враќаме во функција, а пристапните патеки конечно ќе престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните. Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации, рече градоначалникот.

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

(Фото): Се чисти и обновува Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека се работи низ цел град

Се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје. Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови.

Орце Ѓорѓиевски најавува 13 капитални инфраструктурни проекти по преземањето на власта

По преземањето на градската власт, Орце Ѓорѓиевски планира пробивање на улица „Есенинова“, нови булевари, реконструкции на стари улици и целосна модернизација на јавниот транспорт за побрзо, безбедно и функционално Скопје.

Од Скопје до Кичево повторно ќе има воз, целосно ќе се обнови пругата која скапуваше со години

Комплетно, од корен ќе се обнови пругата кон Кичево која скапуваше со години. ЕБРД ќе биде водечка финансиска институција за изработка на подготвителната документација. Таа ќе избере фирма консултант за изработка а сите документи за 18 месеци по што ќе почне реконструкцијата.

To top