Тема: Република Македонија

Нацрт-заклучоците на Советот на ЕУ за промената на македонскиот устав ги кршат резолуциите на ООН и Договорот од Мастрихт, затоа се ништовни

Советот на ЕУ ја повикува Македонија да изврши промена на својот Устав во согласност со „Добрососедскиот договор“ со Бугарија и протоколите кон него, Преговарачката рамка и „францускиот предлог“, кои содржат категорично тврдење-фалсификат дека македонскиот народ, македонскиот јазик, идентитет и историја имаат „бугарски историски темели“. Тоа претставува целосно негирање на етничката, идентитетската и јазичната засебност на македонскиот народ. Декларацијата на ООН за недопустливоста на интервенирањето и вмешувањето во внатрешните работи на државите целосно ги заштитува македонскиот јазик и идентитет, како и македонската историја, од какви било и чии било обиди за негирање, или присвојување. Таа декларација строго забранува завлегување во идентитетскиот комплекс на кој било народ, што значи и на македонскиот народ. Токму ова го прават Советот на ЕУ и Бугарија! Членка на ООН е и Македонија: и за неа во еднаква мера важи применливоста на резолуциите на ООН. Според нив, ниту ЕУ, ниту Бугарија, Грција, или која било друга држава, немаат право да се мешаат во внатрешните и надворешните работи на Република Македонија, ниту да ѝ наложуваат да го менува Уставот во замена за „отворање на преговорите со ЕУ“. 

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

Муцунски – Ландау во Брисел: Потврдено македонско-американското стратегиско партнерство

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија нагласува дека на средбата двајцата соговорници ги потврдиле блиските и пријателски односи меѓу двете земји, како и силната и конструктивна соработка со САД како македонски стратегиски партнер. „Разговорите опфатија и теми поврзани со улогата на САД во стабилноста и развојот на Западниот Балкан. Нагласка беше ставена на соработката во рамките на НАТО и нејзината важност за колективната безбедност.“ – посочува Министерството.

Муцунски: Посветеноста на Македонија на европскиот пат е геостратегиска неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес.

Петрушевска: Важната порака од Форумот во Тирана е дека лидерите од Западниот Балкан разговараа со Кос за придвижувањето на евроинтеграцијата

„Ние остануваме целосно посветени на исполнување на реформската агенда и забрзување на реформските процеси, што е важно за државата и нејзиниот европски пат.“ – нагласи Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

На локалните избори победи ВМРО ДПМНЕ, но пред се заедничка Македонија, општините не се повеќе „ничиј етнички плен и сопственост“

Овие локални избори влеваат силни импулси во правец на меѓуетничката и политичката стабилизација и консолидација на Република Македонија. Овие локални избори ги поразија сите намери за предизвикување меѓуетничка нетрпеливост, меѓуетнички инциденти, сите планирани сценарија за внатрешно дестабилизирање на државата, за „избоксување“ предвремени парламентарни избори, заради уривање на постојната Влада на Република Македонија. Бирачите од различните етникуми денес порачаа дека ја разбираат Македонија како заеднички дом за сите, во кој сите ќе можат да живеат и да се развиваат во мир, разбирање и заедничко живеење и помагање.

Сиљановска-Давкова: Им оддаваме почит на оние, кои во 1941 тргнаа во храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето и создавањето македонска држава

„Повторно мора да бидеме обединети и сплотени, ако сакаме да го сочуваме тоа, што го наследивме од оние, кои тргнаа во востанички марш, водени од јасна визија и подготвени за жртвување во ослободителната мисија! Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова.

Во Прилеп свечена академија „На вистинската патека, за татковина со иднина“ по повод 11 октомври – обраќање и на премиерот Мицкоски

Многубројни настани денеска во Република Македонија во рамки на чествувањата на еден од најсветлите историски настани во борбата на македонскиот народ за создавање сопствена македонска држава и за своја национална слобода.

Мицкоски: Нашата борба не е само за избори, туку и за душата на Македонија, за држава, што ќе нè спои, а не да нè дели

„Моментот, што го чекале генерации, е пред нас, време е за ресет на системот, време е да ги скршиме веригите на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Оваа наша борба не е само за избори – ова е борба за душата на Македонија. За држава што ќе нè спои, а не ќе нè дели. За иднина, во која никој нема да биде поважен од другиот и во која секој ќе има еднаква можност да успее.“ – порача од синоќешниот митинг во Тетово претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ако не се урне сценариото за уривање на Македонија, Македонците ќе станат бестатковинци – новите „Курди во Балканот“

Французите ги уриваат Макрон и неговата влада, ама не ја уриваат и Франција како држава, што е целта со Македонија! Се обидуваат и Германците да ги урнат германската владејачка коалиција и Мерц, ама не се стремат да ја урнат Германија како држава, што е целта со Македонија! Потребно е македонско национално и македонско државно единство во напорите за создавање услови за подобар живот за сите граѓани без оглед на етничката и политичката припадност, отфрлајќи било чии меѓународни замешателства во нашите внатрешни работи.

Муртезани: Предвремени парламентарни избори нема да има, владата функционира стабилно – Беким Сали вицепремиер наместо Изет Меџити

„Предвремените избори би ја успориле реализацијата на клучните владини проекти, чии резултати се очекуваат во 2026 година. Ако одиме на избори, ќе изгубиме цела година. Засега нема никаква потреба од тоа.“ – нагласи Орхан Муртезани, министерот за европски прашања и потпретседател на Алтернатива, која е дел од Вреди, во интервјуто за емисијата „360 степени“ на Првата програма на Македонската радиотелевизија.

Мицкоски: По изборите ќе го ресетираме системот, за да ги скршиме веригите на неправдата и „мрежите на длабоката држава“, кои ја задушуваат Македонија

„Најавениот ресет нема да биде одмазда, туку враќање на довербата во институциите и во владеењето на правото.“ – нагласи претедателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Македонски Брод.

To top