Македонија

Петрушевска: Важната порака од Форумот во Тирана е дека лидерите од Западниот Балкан разговараа со Кос за придвижувањето на евроинтеграцијата

„Ние остануваме целосно посветени на исполнување на реформската агенда и забрзување на реформските процеси, што е важно за државата и нејзиниот европски пат.“ – нагласи Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

„Форумот во Тирана испраќа многу важна порака: дека заедно на масата со еврокомесарката Каја Кос лидерите од Западен Балкан разговараа за реформскиот процес, кој треба да помогне во придвижување на евроинтеграцијата на целиот Западен Балкан.“ – посочи Марија Петрушевска во емисијата.


Таа укажа дека реформската агенда не треба да се сфаќа како обична чек-листа, туку како како квалитативен напредок, кој ќе донесе подобар животен стандард и ќе го унапреди процесот на евроинтеграцијата.

„Реформската агенда не треба да претставува само една чек листа, туку треба да значи квалитативен, не само квантитативен исчекор напред во однос на поквалитетен животен стандард, но истовремено и за унапредување на евроинтеграцијата.“ – истакна Петрушевска.


Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top