Тема: топ

Мицкоски ги повика гласачите да не паѓаат во замката на ДУИ кои наметнуваат теми од минатото

Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува предизборната кампања за локалните избори да се води околу реални проекти, но, како што вели, ДУИ наместо да зборува за иднината, „нѐ враќа 30 години наназад“ и наметнува теми од минатото. – Очекувам кампања со идеи, со планови за нови училишта, спортски сали, автопати… но очигледно, ДУИ […]

НБРМ предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки

Во моментов постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, и ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Без Украина и ЕУ не е можен договор Русија – САД за прекин на огнот, порача Калас

Ставот на Брисел, што го изнесе високата претставничка на ЕУ за безбедносна и надворешна политика, е дека каков било договор меѓу Вашингтон и Москва, а кој се однесува на Украина, мора да ги вклучи Киев и Европската унија.

Врие од интернет измами во Македонија – да се отворат „четири очи“ при секоја трансакција

Главно, измамниците фокусирани се на фишинг напади, е-маил комуникација, како и креирање на лажни реклами со познати личности. Во текот на последната година, забележано е дека измамниците користат различни напредни методи за манипулација со жртвите. Додека онлајн продажбата расте, растат и измамите, особено на социјалните мрежи.

Убиство среде бел ден во Тетово, како во мафијашки филм

Во престрелката во Тетово десетици куршуми завршиле во „голфот“ во кој е најден убиениот човек. Станува збор за возило „фолксваген голф“ чија лева страна е целата издупчена со куршуми. Дел од проектилите го скршиле стаклото од возачката страна додека другите куршуми завршиле во задниот дел.

To top