Македонија

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

„Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 %, а трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 отсто.“ – изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се неопходни за почетокот на учебната година.

Најнови вести од: Македонија

To top