Македонија

Мицкоски: Мора да ја ослободиме иднината од етнички тензии, а Македонија да биде постабилна држава, во која ќе се почитуваат различностите!

„Време е политиката сè помалку да се занимава со тоа што нè разделува, а многу повеќе со она што заеднички треба да го изградиме“, порачува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на годишнината од Рамковниот договор.

Натаму македонскиот премиер истакнува: Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите. Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината.

Тој вели дека ловеќе од две децении подоцна, пред нас стојат нови предизвици. Денешните генерации очекуваат функционални институции, еднаквост пред законите, квалитетно образование, подобро здравство, повисок животен стандард, економски развој и можности својата иднина да ја градат дома. Тоа се прашањата околу кои треба да се обединуваме, без оглед на етничката, верската или политичката припадност.,

„Време е политиката сè помалку да се занимава со тоа што нè разделува, а многу повеќе со она што заеднички треба да го изградиме. На Македонија ѝ е потребно општество во кое вредноста на човекот нема да се мери според неговото потекло, туку според неговото знаење, труд, чесност и придонес кон заедницата. Држава во која институциите ќе му служат на граѓанинот и во која напредувањето ќе зависи од способноста и резултатите“, пишува Мицкоски.

Тој потсетува дека наша одговорност денес е да создадеме стабилна и сигурна држава во која секој ќе се чувствува почитуван и еднаков пред законот, а истовремено да изградиме заедничко чувство на припадност и одговорност кон државата.

„Минатото – заклучува тој – не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме. Таа иднина мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби кои со години се користеа како замена за резултати. Наместо тоа, потребни ни се работа, развој, ред, меѓусебна почит и силни институции. Тоа е обврска кон генерациите што доаѓаат да им ја оставиме Македонија постабилна, поуспешна и поправедна од онаа што ние ја наследивме. Држава во која различностите ќе се почитуваат, но заедничката иднина ќе биде посилна од сè што нè дели“, пишува премиерот..

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top