Архива за: 09.06.2025

Велика Британија ќе испорача 100.000 дронови на Украина

Ова е планирано да се случи до до април 2026 година, објави Ројтерс. Владата на Велика Британија одобри независно подготвен Стратешки одбранбен преглед кој повикува на технолошки поориентирана армија за справување со новите закани, вклучително и можна руска агресија. Велика Британија, еден од најлојалните западни поддржувачи на Украина, планира да учи од борбата на Киев […]

Како Македонија стигна четврт економска сила во светот?!

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Отворивме ново поглавје на економски […]

По 10.000 евра за секој млад што ќе отвори бизнис – Владата со поддршка за самовработување

Владата преку мерки за вработување планира годинава да го намали бројот на млади и други невработени лица и да легализира бизниси на лица кои се пријавуваат како невработени. Притоа планира да потроши 40 милиони евра за вработување на 16.057 лица. Ова е предвидено во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за […]

Заврши пред да почне – прекината седницата во Град Скопје за дивоградбите во Чаир и Сарај

Советот на Град Скопје денеска требаше да ја одржи 19-та вонредна седница, на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во општините Чаир и Сарај. Со оглед на тоа што поранешниот претседател на Советот, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка, според Деловникот, седницата требаше да ја води најстариот советник, Халиде Палоши […]

Приватните автобуси ги снема од скопските улици, никој не знае до кога?!

Голем број скопјани од вчера останаа без превоз откако дел од приватните автобуси беа повлечени од сообраќај. Се претпоставува дека причината за тоа се нередовни исплати од ЈСП Скопје и истечени договори кои беа склучени во 2023 година. Вчера ги немаше автобусите со број 23 и 45, а граѓаните беа останати зачудени на постојките незнаејќи […]

Марта Кос ќе “олеснува” Македонија да направи уставни измени

„Со С.Македонија, наша политичка цел е да ги отвориме преговорите со кластерот „Фундаменти“, веднаш штом неопходните уставни измени бидат усвоени. За ова, Бугарија и С. Македонија треба да започнат опширно да разговараат и да најдат решение за ова билатерално прашање. Јас сум тука да олеснувам ако е тоа потребно.“, рече еврокомсарката за проширувае на ЕУ, […]

Владата го предложи Азир Алиу за министер за здравство

Премиерот Мицкоски го предложи Азир Алиу за министер за здравство, а Албрим Хоџа, поранешен вработен во општина Струга, за заменик-министер за земјоделство. Според деловникот за собраниска процедура, предлозите ќе бидат презентирани на следната пленарна седница. Елфете Исмаили, исто така, поднесе оставка од функцијата заменик-министер за одбрана, останувајќи во Алијансата за Албанците на Таравари, јавува Телеграфи

Османи: ДУИ со отворени листи на следните парламентарни

Бујар Османи, денеска на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи. „Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша екс-министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Изјавата на Османи доаѓа откако  се актуелизираше […]

Пари за собирање ѓубре има, но завршувале на сметка на семејството Беџети

„ЈП Комунална хигиена потпишува Договор со осумнаесет годишниот син на Блерим Беџети, замислете за давање совети за заштита на животната средина. Договор бр. 57254 склучен на 25.02.2025 меѓу ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ и фирмата „Веда ДООЕЛ“. Се гледа дека парите ги прима – Валон Беџети, син на Блерим Беџети, кој и се има потпишано. […]

По 22 години бегство уапсен командант „Бреза“

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен на подрачјето на скопската населба Ченто. Бајрамовски со години се наоѓал на листата на најбарани лица, со распишана меѓународна потерница поради низа тешки кривични дела. Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на […]

Израл ќе го „чисти“ југот на Газа од Палестинци

Израелската војска повика на евакуација на жителите на Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа. Израелските сили ќе „операираат со сета своја моќ“ во одредени населби каде што „терористичките организации, првенствено Хамас, ги продолжуваат своите активности“, напиша воениот портпарол Авичаи Адра на арапски јазик на својот X профил. „За ваша безбедност, евакуирајте се […]

Источното крило на НАТО бара Украина да влезе во Алијансата

Членките на НАТО од северна, балтичка и централна Европа се посветени на членството на Украина во воениот сојуз, изјавија лидерите на Полска, Романија и Литванија по самитот во Вилнус во понеделник, објави Ројтерс. Сојузниците на НАТО ја искажаа својата поддршка за „неповратниот пат“ на Украина кон членство на самитот во Вашингтон минатата година. Но, претседателот […]

To top