Архива за: 26.07.2025

Повикот на Мисирков за безгранична љубов кон Македонија и постојано работење за нејзините интереси – најсилно оружје против грчко-бугарската агресија врз Македонија и Македонците

Вонвременските мисли на Мисирков се најдобриот македонски одговор и денес за дрските наредби на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис дека Македонците „мора строго, посветено и целосно да го спроведуваат Преспанскиот договор“ и секогаш и секаде да го користат „уставното име С.Македонија“. Вонвременските мисли на Мисирков се најдобриот одговор во еднаква мера и за жестоките напади и оспорувања на македонскиот идентитет, јазик и историја и од страна на Радев, Желјасков и другите бугарски политичари, кои ги сметаат Македонците како „национално неразбудени Бугари“, што говорат „современ јазик, новосоздаден врз бугарски историски темели“.

To top