Архива за: 13.07.2025

Американските царини стапуваат во сила на 1 август, можно ли е пак да има продолжување?!

Трамп извести најмалку 14 држави за новите царински стапки кои ќе стапат во сила на 1 август, со напомена дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата. За Јапонија и Јужна Кореја е одредена царина од 25%.

Дури 23 пожари низ Македонија, моментално беснеат 11

Центарот за управување со кризи извести дека до пладне во земјата се регистрирани повеќе пожари на отворени површини, од кои неколку се сèуште активни, а само еден е локализиран. Пожарите од Блаце што почнаа во неделата, се проширија кон планините Чучер Сандево.

Државата ќе ги урива дивоградбите во Охрид, распишан оглас за избор на фирма

Министерството за транспорт објави тендер за избор на фирма за уривање дивоградби. Како што велат од Министерството за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, тендерот се однесува само за дивоградби од А категорија во заштитени подрачја. „Тендерот е објавен за да бидеме спремни за можни ситуации. Ова го правиме затоа што во Охрид за заштитениот дел има дивоградби, па […]

(Фото галерија): Пуштен во употреба мостот кај Башино Село во Велес

При градежните работи се третираше долниот дел од мостот, се постави нов вид материјал на столбовите за да се зацврстат, и со најсовремено решение се третираше мостот од внатре. Се работеше на нивна заштита, се направи армирање на носачите на мостот коишто беа оштетени и се изврши нивно наново бетонирање, како и зајакнување од нивната долна страна.

To top