Македонија

„Европеизираниот“ Бујар Османи „ќе обезбеди само во својот прв мандат како градоначалник на Чаир 15 милиони евра од ЕУ, а понатаму уште“!

„Во општина Чаир ќе има канцеларија на Европската Унија.“ – дел од предизборната програма на Бујар Османи.

Бујар Османи, потпретседателот на ДУИ и кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција, изјави дека Чаир како општина досега не добил никакви грантови од ЕУ. Но, тој вети дека ќе обезбеди грантови од ЕУ, ако стане градоначалник на Чаир.“ – објави информативниот портал на албански јазик Алфакс.

Натаму порталот наведува: Според Бујар Османи, на Чаир не му се потребни кредити што ги оптоваруваат граѓаните, туку грантови што покриваат 85 отсто од трошоците, кои не ги враќаат даночните обврзници. Тој најави дека приоритет за овие пари ќе бидат училиштата, паркот Чаир, чаршијата, новите библиотеки и младинските центри.

„Проектиравме дека само во првиот мандат во следните четири години ќе обезбедиме 15 милиони евра од Европската Унија. Ова ќе го направам како градоначалник на општина Чаир. Во општина Чаир ќе има канцеларија на Европската Унија, со експерти кои работат само за подготовка на проекти според прирачникот на ЕУ. Грантови за набавки, тунинг, инвестиции во Западен Балкан. Училишта, реновирање, енергетски ефикасно реновирање, дигитална опрема преку програмата ИПА-3 ќе бидат приоритети.“ – рече Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција, објави Алфакс.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top