Архива за: 23.10.2025

Семејна „династија“ на бизнисмени: таткото Венко „брка“ „политички бизниси“ со Македонија, а синот Иво Филипче уште на 18 години трговски бизнис со конфекција

Дали Иво Филипче ќе го достигне „почетниот успех во светот на бизнисот“ на Душко Заев, синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, кој веќе си има фирма „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија?

Доналд Трамп ќе се бори против „длабоката држава“ во САД со високорангирана тајна агенција

„Група од десетици официјални лица од целата федерална влада, вклучувајќи и американски разузнавачки офицери, помагаат во насочувањето на напорите на претседателот Доналд Трамп за одмазда против неговите перцепирани непријатели, според владините записи и извор запознаен со напорите.“ – објави новинската агенција „Ројтерс“.

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини, како и населени места во Студеничани

Планираните прекини во испораката на струја во некои населби, или улици во Скопје веќе започнаа во 8 часот, на повеќе места ќе уследат во 8,30 часот а ќе траат до 13 часот, или до 14,30, но некаде и до 16 часот.

Митески: Аеродром ќе добие за првпат нов културен дом – Самоиницијативно се работи и дневно се депонира во „Дрисла“ повеќе од 10 тони отпад

„Со изборната програма, што опфаќа многу проекти, од сите населени места, од Долно Лисиче до Мичурин, се предвидува општина Аеродром да добие и театар и кино – места кадешто ќе можат да уживаат во културата сите генерации во Аеродром.“ – изјави вчеравечер кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митески во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

(Видео): Полициска потера со лош крај – водителите шокирани од ужасот што го гледаа во живо

„О, Боже мој! О, не, о, не“, извикал шокираниот водител, додека некој друг му наредил на снимателот да го задржи широкиот кадар. Кога преносот во живо се префрлил во студиото, водителскиот пар останале со отворени усти од шок, откако штотуку биле сведоци – и покажале – на смртта на еден човек на телевизија во живо.

Актерот тврди дека е биолошки татко на децата на Мајкл Џексон – што го прашал кралот на поп-музиката пред да се роди првиот син?!

Еден од најголемите музичари на сите времиња уште за време на животот се соочувал со безброј обвинувања на своја сметка, а меѓу нив е и, би се рекло – вечното прашање: кој е биолошкиот татко на неговите деца?!

Малоку: ДУИ стана пречка за развојот на Албанците во РМ! Ахмети, кој владееше 20 години корумпирано и со скандали, треба да се пензионира час поскоро!

Анализа на д-р Фадил Малоку, професор по социологија во Приштинскиот универзитет во врска со причините за поразот на Али Ахмети и ДУИ на македонските локални избори, но и за причините, поради кои Ахмети се урниса како политички лидер во очите на Албанците од Македонија.

Живот на кредит – за што најмногу се задолжуваат граѓаните на Македонија?!

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

To top