Архива за: 24.11.2025

Кога ќе легнат парите од „МојДДВ“ кај граѓаните кои скенираат фискални сметки?!

Граѓаните што скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“, повратот на данокот ќе го добијат на своите трансакциски сметки до крајот на овој месец. Од Министерството за финансии појаснуваат дека станува збор за сумата што ја акумулирале од скенирање на сметките во периодот јули-септември, а се исплаќа 60 дена по завршувањето на кварталот.

Ивановски: Железничката станица во Скопје ќе се реконструира целосно, за да добие современ лик

„Осовременетата железничка станица ќе претставува архитектонско решение како спој на првичниот изглед од Кензо Танге со додадени нови современи елементи, нова електрична инсталација, комунална инфраструктура и машински дел.“ – изјави Синиша Ивановски, директорот на Јавното претпријатие Железници инфраструктура, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

ВМРО ДПМНЕ: Дали остана само Кузеска, има ли и некој друг во седиштето на СДС, која веќе воопшто не знае каде тера?!

„Во времето кога СДС владееше јавноста и медиумите требаше да бидат гласни со денови и седмици, за да се реагира во врска со некој случај. Но дури и тогаш обвинителството и судството не отвораа предмети и остануваа неми за тоа прашање. Ако беше некој од осомничените од СДС, или близок до врвот на СДС, тогаш со сигурност тој поединец не одговараше.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

To top