Предлог-буџетот за 2027 тежок 7,2 милијарди евра влезе во Собрание. За капитални инвестиции се планирани 663 милиони евра, за пензии околу 2 милијарди евра, за здравствена заштита 954 милиони евра, а за плати во јавниот сектор приближно 930 милиони евра. Буџетскиот дефицит е предвиден на 731 милион евра, односно 3,5% од БДП. Министерката за финансии рече дека буџетот е насочен кон стабилни јавни финансии, продолжување на фискалната консолидација и поддршка на економскиот раст.
- Нашата определба останува јасна – постепена фискална консолидација, рационално и ефикасно трошење на јавните средства, подобра наплата на приходите и насочување на средствата кон развојни и продуктивни инвестиции – истакна министерката.
Во 2027 ќе се модернизира патната и железничката инфраструктура, меѓу кои Коридорите 8 и 10-д, ќе има повеќе пари за образованието, енергетиката и комуналните проекти, велат од владејачкото мнозинство.
За покривање на дефицитот и отплата на долговите, државата ќе се задолжува на домашниот и меѓународниот пазар. Пратениците од опозицијата го критикуваа буџетот за в година. На буџетските проекции реагираше пратеникот Фатмир Битиќи, кој ја отвори темата за јавниот долг и за начинот на кој Владата ги планира задолжувањата и отплатата на обврските.
- Каматите не отвораат нови фабрики. Со овој буџет вие не плативте ниеден цент од јавниот долг, само рефинансирате. Оваа разлика покажува колку малку можности има – порача Битиќи.
Влада в година очекува економски раст од 3,8% и инфлација од 3,2%. Потоа и раст на бројот на вработени на 1,2%, како и зголемувањето на просечната нето-плата на 6,7%. За Предлог-буџетот за 2027 поднесени се над 300 амандмани.