Регион

Негираат дека имало притисок врз „бегалката“

Ива Михајлова обвини новинар дека работи по наредба на бугарската Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да зборува во јавност. Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала такви информации

Бугарскиот новинар Мартин Карбовски кого „бегалката“ од правдата во мМакедонија, Ива Михајлова, индиректно го обвини дека работи по наредба на Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да одговори, негира такво нешто, пренесуваат бугарски медиуми
„Јас не сум агент на ДАНС [Државна агенција за национална безбедност]“. Карбовски во својата емисија, пренесува *Focus*.
„Ива Михајлова даваше интервјуа во мое присуство – на пример, со новинарите Кана Рачева и Иво Никодимов, како и за *Bulgaria ON AIR* и други.
Тие искористија една млада жена која заврши во нашето ’новинарско змиско гнездо‘, а ние бевме тие што ги сносеа последиците – сега се тврди дека, откако се појави кај нас, таа дала многу опширно и детално интервју на друго место.“
Изјавата на Карбовски доаѓа откако јутјуберот Станислав Цанов објави разговори „во четири очи“ со Михајлова која му се пожалила дека е под притисок на бугарските власти и дека дури имало и закани дека нема да ѝ биде дозволено лекување во Бугарија.

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

„Што се однесува до Цанов: станува збор за снимка што е монтирана; во неа има два машки гласа, а одредени делови се дополнително извадени. Користени се и алатки со вештачка интелигенција за да се манипулира со тоа кој што кажал. Ова е измислица – не треба да се работи на таков начин. Секој си има свој стил. Цанов сака сензационализам. Тој сака да ги претставува работите во стилот: ’Сега ќе нè убијат‘ и слично“, додаде Карбовски.

Бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) вчера негираше дека нејзини службеници вршеле притисок врз Ива Михаилова. Реакцијата следува по снимките што ги објави бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, во кои Михаилова му раскажува дека од ДАНС ѝ се заканиле дека ќе остане без помош за рехабилитација ако првото интервју не му го даде на новинарот Мартин Карбовски.

Згора на се’ и шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала информации за наводните притисоци на бугарската тајна служба ДАНС врз Ива Михајлова. По објавувањето на снимките во кои Михајлова тврди дека била уценувана од службите, Петрова вели дека случајот не е во надлежност на Министерството за надворешни работи и дека за неа останува нејасно од каде потекнуваат информациите за притисоци, особено откако самата Михајлова јавно ги демантираше.

Адвокатот Драган Пешевски: Одлуката на Ива Михаилова брзо ѝ се удри од глава

„Колку што видов од изјавата на Ива Михајлова, таа самата тврди дека не била изложена на притисок, така што за мене е малку загадочно од каде се појави таквата информација“, изјави Велислава Петрова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

По избивање на скандалот, бугарската опозиција побара истрага и оставка од директорот на ДАНС, додека службата категорично ги отфрли обвинувањата и ја оспори веродостојноста на снимките.

Михајлова во меѓувреме објави дека никој во Бугарија не ја принудувал на ништо и побара да биде оставена мирно да го продолжи лекувањето.

Петрова денеска изрази и сомнеж околу најавите случајот да биде пријавен пред европските институции, посочувајќи дека не е јасно што точно би им било презентирано.

Најнови вести од: Регион

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top