Македонија

Мицкоски: За Македонија, европската интеграција е стратешка определба

Заедно со Марта Кос го проследивме обраќањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со кое беше отворен Форумот во Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски денес учествуваше на форум за проширувањето во Брисел, на кој беа исто така и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, еврокомесарката Марта Кос, претседателјката на Молдавија, Маја Санду, претседателот на Финска, Александар Стуб, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и други лидери.
Премиерот Мискоски за настанот извести преку социјалните мрежи, порачувајќи дека проширувањето на Европската унија претставува геостратешки императив и долгорочна инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент.
„Овој процес мора да остане заснован врз постигнатите резултати, но истовремено да биде подинамичен, праведен и предвидлив. За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива“, напиша Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници.
Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

To top