Дарија Андовска, професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, како реакција на најновото насилство врз жена во Македонија предлага секоја општина да организира бесплатен курс за самоодбрана за припадничките на понежниот пол.
„Насилството, во кој било облик, е израз на примитивизам.
Очигледно, примитивизмот не само што тешко се санира, туку и прогресира во последните години.
Но, сепак (и затоа!) би предложила секоја општина да организира бесплатен курс за самоодбрана за жени. Еднаш годишно или еднаш во шест месеци.
Навистина е неопходно.
Јас бев пред некоја година на таков курс и жалам што порано не сум имала можност“, коментира Андовска на Фејсбук.