Македонија

Давеникот кај Трпејца е бугарски државјанин

МВР ја потврди трагедијата

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски попладнево го потврди инцидентот со давење на лице во водите на Охридското езеро и информираше дека се работи за педесет и двегодишен Бугарин кој исчезнал на голема длабочина во близина на селото Трпејца.

 

Инцидентот се случил денеска во 13 часот и 15 минути се за вадење на телото се ангажирани охридски нуркачи.

,,На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“,стои во соопштението од СВР Охрид.

 

Поврзани вести

 

Давеникот пронајден кај Трпејца е нуркач

Најнова вест: Давеникот кај Трпејца е нуркач

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top