Хроника

За палењето на бугарските дипломатски автомобили осум месеци затвор

Пресудата за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје му донесе осуммесечна затворска казна и парична глоба од 3.300 евра

Казна од 8 месеци затвор и 3.300 евра доби Игор Дашковски Стојановски, кој запали две дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје

Пресудата за палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје му донесе осуммесечна затворска казна и парична глоба од 3.300 евра на Игор Дашковски Стојановски (44).

Тој беше прогласен за виновен за загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита откако претходно ја призна вината. Пред судот изјавил дека сам одлучил да ги полие возилата со бензин и да ги запали. Инцидентот се случи на 15 јуни годинава.

 

Најнови вести од: Хроника

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

To top