Македонија

(Фото): Вештачката интелегенција е придобивка што мора да ја искористиме, рече Николоски

Во делот на дигитализација во секторот транспорт, Николоски истакна дека се работи на ИТС-системот во патниот дел, а веќе се разгледуваат опции и за употреба во железничкиот сообраќај.

Вештачката интелигенција веќе не е само теорија или технологија на иднината, тоа е нешто што се случува околу нас.  Таа е голема можност која треба да се искористи. Како Влада создаваме правна и административна рамка, со цел да овозможиме нејзина примена за да фатиме чекор со дигиталниот развој, истакна заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски на 21- та годишна конференција на МАСИТ.

Во своето обраќање тој потенцира дека целите на државата се утврдени во Стратегијата за развој на ИКТ- “SMART MK 2030” која дава конкретни насоки во примема на дигиталните процеси и напредната технологија. Говорејќи за создавање на условите за дигитален развој, потенцриа дека инвестициите во податочни центри се исправи политики кои носат сериозни економски резултати.

  • “Направивме законски измени коишто овозможуваат да се создаде една правна рамка во рамки на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење, со цел да можат да се развиваат дата центри или податочни центри. Ако го видите во моментов светот, ќе видите дека државите кои одржуваат сериозен раст на бруто домашниот производ, го одржуваат баш заради овие два сегменти: развојот на вештачката интелигенција и развојот на податочните центри. Ако видите зошто капиталот поскапува во моментов на светските пазари, тоа е затоа што најголем дел од пласманот на капитал е токму во овие два сегменти. Прашањето е дали ние ќе фатиме чекор или ќе заостануваме. Прашањето е дали ќе одиме во оваа насока или ќе одиме во некои други насоки кои што не мислам дека се развој на државата. Во таа насока, веќе заедно со Министерството за дигитална трансформација работиме на развој на првиот државен национален податочен центар. Веќе ги поминавме сите сериозни одлуки како Влада и двете министерства веќе работат на урбанизација на просторот и завршување на правната рамка, по што ќе следи инвестицијата што ќе е една државна потврда и еден државен показател каде треба да се развиваат работите, а се надевам дека за брзо време ќе можеме да го имаме како инвестиција и првиот приватен податочен поголем центар. Вратите се отворени во Владата, во министерствата. Доколку имате такви бизнис идеи, повелете заеднички да ги разгледаме и да дадеме поддршка онаму каде што можеме” – се обрати Николоски.

Во делот на дигитализација во секторот Транспорт, вицепремиерот истакна дека се работи на ИТС системот во патниот дел, а веќе се разгледуваат опции и за употреба во железничкиот сообраќај.

  • “Тоа е дел и од барањата на Европската Унија во рамките на Планот за раст. Веќе 5-те закони се готови и се на финална консултација во Брисел. Очекувам оваа недела да добиеме повратен, потврден одговор. Очекувам до крајот на следната година или почетокот на 2028 година, на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, веќе да имаме имплементиран интелигентен транспортен систем и потоа да почнеме да работиме на коридорот 8. Во делот на железницата, во моментов на системот ЕНЕР за јавна консултација се исто така 5 закони кои што се дел од истиот овој пакет, по што, откако ќе бидат истите усвоени, се надевам некаде до средината на следна година ќе можеме да зборуваме и за интелигентни транспортни системи во железницат. Во рамки на проектот којшто го имаме за брза пруга на Коридор 10, наша дефинитивна одлука е да одиме со најновиот систем EMTC S2. Особено после она што се случи во Грција пред неколку години и ова што се случи во Шпанија пред некаде 1 месец, сметаме дека безбедноста мора да е на највисоко ниво и доколку сакаме да имаме автономно управување на возовите, односно човечкиот фактор да е сведен на минимум, тогаш мора да имаме и најмодерни системи коишто тоа ќе го прават”- потенцириа Николоски

Додаде дека се работи забрзано и за воведување на Националниот едношалтерски систем и нов систем за дигитализација на патната таска, како проекти поврзани со напредни технологии.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

Засечен прст на бебе при вадење инфузија во скопска Гинекологија ! Се отвора дисциплинска постапка, за да се утврди одговорноста!

Новороденче во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) се здобило со повреда на дел од прст, по што било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Според првични и неофицијални информации, го засекла при вадење инфузија медицинска сестра, што работи повеќе од 20 години без никакви поплаки за нејзината досегашна работа.

Во Битола беа одбележани создавањето на Првата егејска македонска ударна бригада на 18 ноември 1944 и нејзиниот славен борбен пат

Со свежо цвеќе и пригодна програма беше денес одбележана 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада пред спомен-плочата во Битола. Според податоците објавени на „Википедија“, оваа партизанска единица била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување.

Николоски: Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

Се разгледува воведување електронска наплата на патарините на автопатите, без возилата да застануваат на наплатните станици. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се размислува патарината да се наплаќа по поминат километар и дека при изработката на законот ќе се побара експертска помош.

Во петок протест по претепувањето на Сара од Охрид

  „Доста беше од ветувања, молчење, молење и чекање. Бараме ОДГОВОРНОСТ, бараме ПРАВДА, бараме ПРАВА! Се гледаме на улица!“ порачаа од Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ која повикува во петок (20 ноември) на протест против фемицидот, насилството и институционалната неодговорност. Протестот е најавен во 13 часот пред Владата, а следи по последниот случај во кој […]

Четворица Албанци од Македонија планирале терористички напад во Грција по директиви од Иран

Според Агенцијата за национална безбедност на  Македонија, мрежата наводно дејствувала по инструкции на ирански државјанин по име Едрис Џахангири Маванех. Според Агенцијата, тој има врски со поединци блиски до иранските разузнавачки служби, како и со осомничениот трговец со дрога, Наџи Шарифи Зиндашти

Дебакл на протестот кој се обиде да си го присвои една политичка партија

„Улиците и протестите ни припаѓаат нам, граѓанските! ГНЕВОТ НЕМА ДА НИ ГО ЗЕМЕТЕ“, порачаа од Иницијативата, осудувајќи ги партиските упади и обидите за инструментализација на женското движење

Најнови вести

To top