Македонија

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

По повод Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз децата, во Собранието се одржа настанот „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“. Тој се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС. Целта на проектот е воспоставување одржлив и интегриран национален систем за заштита на децата и младите во дигиталната средина, преку унапредување на постојните механизми за помош, советување и пријавување штетни и незаконски содржини на интернет.

Настанот го отвори пратеничката и претседателка на Клубот на жени пратенички во Собранието, Јованка Тренчевска, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста од подигнување на јавната свест за ова исклучително значајно прашање. Таа се осврна и на Предлог-законот за заштита на малолетните лица при користење дигитални услуги и социјални мрежи, кој во моментов е во собраниска процедура.

Гонце Јаковлеска, претставничка на Цивика мобилитас, истакна дека нивниот фокус во овој период е премин од дијалог кон конкретни постигнувања. Таа нагласи дека веќе постојат истражувања и податоци кои ја потврдуваат сериозноста на проблемот и дека преку вакви иницијативи се очекува да се придонесе кон промени и воспоставување соодветни механизми за заштита.

Претседателката на ИМПЕТУС, Лилјана Пецова Илиеска, ја истакна улогата на организацијата во поддршката на младите, особено како поврзувачка точка меѓу граѓаните и институциите. Таа посочи дека граѓаните можат да се обратат до ИМПЕТУС за проблемите со кои се соочуваат на дигиталните платформи и да добијат соодветна консултација и насоки за понатамошно постапување.

Меѓу клучните предизвици што ги посочи беа сложеноста на механизмите за пријавување проблеми на дигиталните платформи, недоволната информираност за постојните механизми, како и поврзаноста меѓу заканите во дигиталниот простор и последиците во реалниот живот.

Директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Жарко Змијанац, нагласи дека основната улога на организацијата е застапување на правата и потребите на децата, поради што е неопходно да се изнајдат функционални механизми и соодветни форми на заштита. Тој посочи дека, само 0,2 проценти од постојните случаи се пријавени на СОС-линијата, што укажува на сериозен проблем со недоволната доверба кај младите и нивната информираност за тоа каде и кому можат да се обратат.

Како еден од приоритетите ја истакна потребата од унапредување на платформата „Ало Бушавко“ и линијата 116 – 111, со цел нивно зајакнување како доверливи контакт-точки преку кои децата и младите ќе можат да пријават различни форми на насилство и да добијат соодветна поддршка.

Во продолжение следеше онлајн презентација на Клои Комсток од Меѓународната мрежа на линии за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца – INHOPE, на тема „Како функционираат линиите за пријавување и меѓународната соработка“. Презентацијата ги опфати функционирањето на овие механизми, нивната улога во откривањето и пријавувањето незаконски содржини, како и значењето на меѓународната соработка.

Во рамки на понатамошната дискусија беа опфатени улогите и надлежностите на клучните институции во процесот „Од пријава до институционално постапување“, со посебен осврт на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и институциите надлежни за заштита на децата. Беше разгледана и судската перспектива во постапувањето по предмети поврзани со материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), при што беше истакнато значењето на навременото пријавување и зачувувањето на доказите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна до Обвинителството – Општината поднесе кривични пријави

Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, поднесоа неколку кривични пријави до Обвинителството поради институционално непостапување по извршни решенија за одземање на добитокот што слободно шета во градот и пошироко.

УКИМ не платил сметки за струја, ако не се плати долгот – факултетите ќе останат во мрак

Дел од државните факултети и Ректоратот од утринава се во мрак поради неплатени сметки за електрична енергија. Ова за Телма го потврдија и од ЕВН. Без струја останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно – математичкиот, земјоделскиот факултет, но и зградата на Ректоратот.

Велковски: Во владина постапка се измените на Законот за детска заштита, од 2027 поголема поддршка за децата со посебни потреби

Измените на Законот за детска заштита веќе се во владина процедура, каде се предвидува зголемување на постоечките државни износи за поддршка, со посебен фокус на децата со посебни потреби, изјави министерот за труд и социјална политика и млади, Ѓоко Велковски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, нагласувајќи дека се очекува овие измени брзо да ја поминат собраниската процедура и од 1 јануари 2027 година децата од оваа категорија да добијат зголемени средства.

Николоски: Од 1 јануари 2027 државата ќе биде единствен организатор на интернет-игрите на среќа и ВЛТ терминалите

Владата останува на ставот за ограничување на игрите на среќа и веќе презеде конкретни законски мерки со кои се намалуваат можностите за нивно организирање, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање на Јована Мојсоска од Левица поврзано со работењето на Државна лотарија, односно дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, како и дали ќе биде затворена платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

(Фото): Вештачката интелегенција е придобивка што мора да ја искористиме, рече Николоски

Во делот на дигитализација во секторот транспорт, Николоски истакна дека се работи на ИТС-системот во патниот дел, а веќе се разгледуваат опции и за употреба во железничкиот сообраќај.

Засечен прст на бебе при вадење инфузија во скопска Гинекологија ! Се отвора дисциплинска постапка, за да се утврди одговорноста!

Новороденче во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) се здобило со повреда на дел од прст, по што било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Според првични и неофицијални информации, го засекла при вадење инфузија медицинска сестра, што работи повеќе од 20 години без никакви поплаки за нејзината досегашна работа.

Во Битола беа одбележани создавањето на Првата егејска македонска ударна бригада на 18 ноември 1944 и нејзиниот славен борбен пат

Со свежо цвеќе и пригодна програма беше денес одбележана 82 годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада пред спомен-плочата во Битола. Според податоците објавени на „Википедија“, оваа партизанска единица била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Во нејзиниот состав влегле: Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување.

Николоски: Се размислува за електронска наплата на патарините, ќе се наплаќа од километар

Се разгледува воведување електронска наплата на патарините на автопатите, без возилата да застануваат на наплатните станици. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се размислува патарината да се наплаќа по поминат километар и дека при изработката на законот ќе се побара експертска помош.

Најнови вести

To top