Свет

Нетанјаху: Израел ќе ја контролира цела Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека Израел ќе го контролира целиот Појас Газа и ќе ја спречи милитантната исламистичка група Хамас да ја ограбува помошта, пренесе Ројтерс. Тој рече дека неговата влада мора да избегне глад во палестинската енклава бидејќи Израел ќе ја изгуби дипломатската поддршка од своите „најголеми пријатели во светот“. Нетанјаху нагласи дека […]

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека Израел ќе го контролира целиот Појас Газа и ќе ја спречи милитантната исламистичка група Хамас да ја ограбува помошта, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека неговата влада мора да избегне глад во палестинската енклава бидејќи Израел ќе ја изгуби дипломатската поддршка од своите „најголеми пријатели во светот“.

Нетанјаху нагласи дека одлуката е донесена „за да се постигне победа“ и дека износот на помошта ќе биде „минимален“.

Вчера тој објави дека Израел ќе пушти „основно количество храна“ во Газа по неколку недели блокирање на хуманитарната помош, но не прецизираше кога ќе се отвори границата.

ОН предупреди дека „без итна акција, речиси една четвртина од населението би можело да умре од глад“.

Израел ја продолжува воената операција во Газа, при што во воздушните напади во текот на ноќта загинаа најмалку 20 Палестинци.

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

Најнови вести

To top