Регион

Нишлија преку ноќ стана милионер

Вредноста на „седумката“ е  3.400.000 евра

 

Според најновиот извештај на Државната лотарија на Србија, синоќа бил „извлечен“ џекпот (погодени сите 7 броеви) во 92-рото коло на играта „Лото“.

Вредноста на „седумката“ е  3.400.000 евра, а среќниот добитник е од Ниш!

Добитната комбинација ја сочинуваа броевите 21, 5, 8, 11, 3, 26 и 10.

Среќниот добитник, кој преку ноќ стана милионер уплатил три комбинации за Лото и Лото Плус во вкупен износ од 540 динари, при што главната добивка му ја донела втората комбинација.

Покрај главната награда, 19 играчи погодија 6 броеви, при што секој од нив во ова коло освои по 124.188 динари.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

To top